28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Focus добива нова задна камера од 180 степени (видео)

Ford Focus добива нова задна камера од 180 степени (видео)

Четвртата генерација на „Focus“, која беше претставена во април, во понудата ќе има широкоаголна камера за полесно и побезбедно возење наназад.

Возењето во рикверц е нешто што на многу возачи им претставува проблем, особено при паркирање кога немаат добра странична прегледност поради другите паркирани автомобили.

Меѓу опремата која ќе биде од помош на сопствениците на новиот „Focus“ и која ќе допринесе за поголема безбедност е задната камера од 180 степени, сместена над местото за регистарската табличка.

Оваа камера покрива широк агол зад автомобилот и му помага на возачот при излегување од паркинг место и возење во рикверц за навреме да ги забележи пешаците, велосипедистите и возилата кои доаѓаат од страните.

Камерата е поврзана со задниот радарски сензор кој го надгледува просторот зад автомобилот. Во случај на опасност и навремената реакција на возачот, овој систем автоматски го запира возилото и спречува судар:

Новиот „Ford Focus“ има во понудата и бројни други современи системи за асистенција за безбедно возење. Меѓу нив се адаптивниот темпомат со „stop&go“ функцијата, системот за препознавање на знаците за ограничена брзина и технологијата која му помага на возачот да го одржи автомобилот во рамките на сообраќајната лента по која се движи.

Исто така, новиот „Focus“ е опремен со подобрениот систем на „Ford“ за адаптивни фарови. Овој систем е во состојба да ги постави и прилагоди светлосните групи пред автомобилот да се доближи до кривина, раскрсница или кружен тек. За тоа му помага камера која покрива простор од 65 метри пред возилото.

Меѓу новите содржини е и системот за автоматско сопирање по незгода, кој служи за спречување на евентуален секундарен судар при неконтролирано движење на автомобилот и избегнување дополнителни повреди на возачот и патниците.

Тука е и „head-up“ дисплејот, подобрениот систем за помош при паркирање, како и предупредувањето за пешаци и велосипедисти на патот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП