Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Платите во администрацијата од 18.000 до 90.000 денари месечно

Време: 12:57

Датум: мај 16, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Од 18.174 денари просечна месечна нето плата кај административните државни службеници во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор до 90.215 денари просечна месечна нето плата во Регулаторната комисија за домување е движењето на платите во јавната администрација, покажува анализата направена од Фондацијата за демократија на Вестминстер во рамките на проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа “.

Оваа анализа дава приказ на движењето на платите во јавната администрација, за период од 2010 до денес, како и просечните месечни бруто и нето плати по вработен за одделни буџетски корисници и вработените во регулаторните тела. Во Република Македонија од 2014-тата година вработените во јавната администрација се нарекуваат административни службеници.

Од 2010 година до денес, може да се забележи тренд на зголемување на просечната месечна бруто плата во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување и тоа од 36.800 во 2010 на 41.300 на крајот на 2017 (ноември). Ваквото тренд на зголемување е поголем од зголемувањето на просечната месена бруто плата која од 30.225 денари во 2010 година се искачи на 34.079 денари, што значи дека разликата помеѓу просечната месечна бруто плата во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување и просечната месена бруто плата од 6.575 денари во 2010 година се зголеми на 7.215 денари во ноември 2017 година. Сличен тренд бележи и нето износот, и тој од 24.855 денари во 2010 година, се зголеми на 27.805 денари во ноември 2017 година, што во однос на просечната месечна нето плата е повеќе за 4.300 ден. во 2010 година, т.е. 4.609 денари во ноември 2017 година. Исто така, значајно е да се напомене дека бројот на вработени во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување е во постојан пораст и од 42,474 во 2010, се искачил на 47,364 во 2016, што претставува околу 15% од вкупно вработените во Република Македонија за време на анализираниот период.

Вработените во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување според податоците од ноември 2017 година имале повисока проселна месечна бруто и нето плата од повеќето сектори на дејност. Единствено секторите: Финансиски дејности и дејности на оситувурвање (62.789 бруто/42.204 нето), Информации и комуникации (54.716 бруто/36.919 нето), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (54.355 бруто/36.446 нето), Рударство и вадење камент (42.912 бруто/28.979 нето) и Стручни, научни и технички дејности (41.827 бруто/28.507 нето) имаат повисоки месечни бруто и нето плати од секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување.

Според податоците во буџетот за 2016 година, просечниот износ за плати и надоместоци (бруто износ) по вработен кај сите буџетските корисници на централниот буџет изнесува 42.563 денари, што е за скоро 10.000 денари поголем износ во однос на просечната бруто плата во Република Македонија за 2016 година, или просечната месечна нето плата по вработен кај сите буџетски кориници за 2016 година изнесува 28.700 денари, што пак е поголема за 6.360 денари од просечната месечна нето плата во Република Македонија.

Анализата покажува дека најголеми средства за бруто и нето плати по вработен на месечно ниво во 2016 година се издвоени за Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, и тоа по 96.071 денар просечна бруто, осносно 63.854 денари просечна нето плата по вработен, а најниски месечни расходи за бруто и нето плати во 2016 година биле реализирани во Секретарјатот за спроведување на Рамковниот договор со најниска месечна бруто плата од 26.542 денари, или 18.174 денари месечна нето плата по вработен.

Што се однесува пак до платите во регулаторните тела, може да се забележи дека просечните бруто и нето плати на сите 10 институции се поголеми од просечната бруто и нето плата во државата. Тие се движат од 58.291 денар месечна бруто, односно 39.033 просечна месечна нето плата по вработен, во Комисијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, до 136.194 денари просечна месечна бруто или 90.215 денари просечна месечна нето плата по вработен, во Регулаторната комисија за домување.

Оваа анализа е првично изработена за потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија, со цел да им даде дополнителни информации кои би ги користеле во рамките на собраниската дебата, како и да им помогне во вршење на поквалитетен финансиски надзор врз работата на извршната власт. Анализата е подготвена од Фондацијата за демикратија на Вестминстер, во рамки на проектот: “Поддшка на македонската парламентарна реформа“, а со финансиска поддшка од Британската амбасада во Скопје.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Со гасификацијата на Прилеп трошоците за загревање на јавните институции ќе се намалат 50 отсто

    Со гасификацијата на Прилеп трошоците за загревање на јавните институции ќе се намалат 50 отсто

    Општина Прилеп денеска организира средба со претставници на јавните институции од градот, а целта на средбата, како што информираат од Општината, е поуспешно извршување на…

  • Турската лира се стабилизира трет ден по ред

    Турската лира се стабилизира трет ден по ред

    Знаци на закрепнување се појавија на пазарите по стабилизирањето на турската лира трет ден по ред приближувајќи се на долгорочното ниво. Турскиот министер за финансии,…

  • Шилегов: Средните училишта добиваат енергетско-ефикасни фасади

    Шилегов: Средните училишта добиваат енергетско-ефикасни фасади

    Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, денеска го посети СУГС „Јосип Броз Тито“, каде што е во тек реконструкцијата на фасадата и на надворешната столарија…

  • 21 милијарди eвра се инвестициите во хотели во Европа во вториот квартал

    21 милијарди eвра се инвестициите во хотели во Европа во вториот квартал

    Инвестициите во хотели во Европа достигна 21 милијарди евра во вториот квартал од 2018-та година, што претставува раст од 5,8% во обемот од трансакции на…

  • НБРМ: Не се очекуваат директни негативни ефекти врз економијата од случувањата во Турција

    НБРМ: Не се очекуваат директни негативни ефекти врз економијата од случувањата во Турција

    Од случувањата во Турција не се очекуваат директни негативни ефекти врз македонската економија, но е мала можноста и за евентуални позначајни негативни преносни ефекти, оценува…

  • Бектеши: Над 120 компании добија финансиска поддршка

    Бектеши: Над 120 компании добија финансиска поддршка

    Министерот за економија, Крешник Бектеши, на прес-конференција информира за реализацијата на дел од мерките за поддршка на малите и средните претпријатија како дел од Програмата…

  • Пекинг, поради царините, на крајот од месецот испраќа преговарач во САД

    Пекинг, поради царините, на крајот од месецот испраќа преговарач во САД

    Кина ќе испрати висок официјален претставник во САД кон крајот на август за да ги продолжи трговските преговори, првите разговори од тој тип во последниве…

  • Преку 300 американски медиуми тргнаа во “војна” против Трамп

    Преку 300 американски медиуми тргнаа во “војна” против Трамп

    Повеќе од 300 американски медиумски организации започнаа кампања за слобода на печатот како одговор на нападите на американскиот претседател Доналд Трамп врз новинарите. „Boston gloub”…

  • По санкциите, Москва најави контрамерки против САД

    По санкциите, Москва најави контрамерки против САД

    Русија работи на изнаоѓање реципрочен одговор кон САД кога Соединетите Американски Држави воведоа санкции кон една руска компанија, соопшти денеска заменик-министерот за надворешни работи на…

  • До недела стабилно, од понеделник нестабилност со пороенд дожд и грмежи

    До недела стабилно, од понеделник нестабилност со пороенд дожд и грмежи

    Стабилно и суво време за време на викендот, по што од понеделник ќе настапи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР…