20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМермерен Комбинат АД Прилеп ја триплираше добивката за првиот квартал

Мермерен Комбинат АД Прилеп ја триплираше добивката за првиот квартал

Мермерен Комбинат АД Прилеп (“Друштвото”) за периодот од 1 јануари до 31 март 2018 оствари приходи од продажба во износ од 535.401 илјади денари што претставува зголемување за 70% споредено со истиот период изминатата година.

Остварена е оперативна добивка за периодот во износ од 320,383 илјади денари, споредено со остварената оперативна добивка во истиот период во 2017 година во износ од 106,476 илјади денари.

EBITDA за периодот 1 јануари – 31 март 2018 година изнесуваше 357,605 илјади денари наспроти остварениот износ од 144,071 илјади денари истиот период изминатата година.

Крајниот резултат по оданочување за првиот квартал 2018 година е позитивен и изнесува 281,357 илјади денари, наспроти остварена добивка за истиот период минатата година од 91,612 илјади денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП