Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Профитабилно работење и раст на премија на сите пазари во Групацијата

Време: 09:59

Датум: мај 16, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Триглав Осигурување Скопје оствари раст на премија во првиот квартал од 2018 година

Групацијата Триглав успешно работеше во првото тромесечје од оваа година. Добивката пред оданочување изнесуваше 27,5 милиони евра, што е 8% повеќе од истиот период минатата година, а остварената нето добивка во висина од 23,3 милиони евра е 5% поголема од истиот период минатата година. Триглав обезбеди 4% повисока консолидирана бруто премија – вкупно 293 милиони евра, додека раст на премија е забележан на сите пазари на кои работи Групацијата. Во првите три месеци од оваа година,  врз работењето немаа влијание масовни штетни настани, а приносите од финансиски вложувања, согласно очекувањата, беа пониски од минатогодишните во истиот период. Групацијата Триглав, водечка осигурително-финансиска групација во регионот Адриа, во 2018 година продолжува со спроведување на своите стратешки насоки. Во согласност со стратегијата за раст и развој, по минатогодишниот влез на пазарот на доброволно пензиско осигурување во Босна и Херцеговина и на македноскиот пазар на осигурување на живот, оваа година Групацијата со купување на мнозински удел, влегува на пазарот на пенизски осигурувања во Хрватска. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал на 2018 година обезбеди 9% повисока бруто полисирана премија споредено со истиот период минатата година.

Профитабилно работење. Групацијата Триглав во првото тромесечје од 2018 година оствари 27,5 милиони евра консолидирана добивка пред оданочување, што е за 8% повеќе од минатогодишната во истиот период. Порастот на нето добивка изнесува 5%, односно 23,3 милиони евра. Реализираните деловни резултати се пред сè одраз на доброто работење во доменот на осигурувањето. Споредено со истиот период минатата година, Групацијата оствари раст на премија од 4%, кој што е поголем од растот на нето трошоци за штети (индекс 102), додека порастот на оперативни трошоци од осигурителна дејност изнесува 4%.

Раст на премија на сите пазари. Групацијата Триглав обезбеди 293 милиони евра консолидирана бруто премија, што е 4% повеќе споредено со истиот период минатата година. Реализиран е раст на премија на сите пазари на кои што Групацијата Триглав е присутна. Растот во Словенија во просек изнесува 4%, а надвор од Словенија 6%. Од гледна точка на сегменти на осигурување, Групацијата забележа раст на премија кај неживотните и здравствените осигурувања (кај обете индексот е 106), додека кај осигурувањата на живот обезбеди 3% пониска премија, што првенствено е одраз на позитивните еднократни настани во првото тромесечје од минатата година.

Без масовни штетни настани. Во првите три месеци од оваа година врз работењето на Групацијата Триглав немаа влијанија масовни штетни настани. Бруто ликвидирани штети изнесуваа 171,0 милион евра, што е 12% повеќе од штетите ликвидирани во истиот период минатата година. Зголемувањето е претежно последица на исплата на настанати и пријавени штети во текот на 2017 година во областа на неживотни осигурувања, кои што соодветно беа резервирани и реосигурени, како и зголемување на осигурителното портфолио во областа на здравствени осигурувања и поголемо учество на штети заради изменета старосната структура на осигурениците. Комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав на крајот на тромесечјето изнесува 88,5%.

Пониски приноси од финансиски вложувања, во согласност со очекувањата. И во првото тромесечје на 2018 година управувањето со финансиски вложувања во висина од 3,1 милијарда евра се одвиваше под околности на ниски каматни стапки, што континуирано влијае на намалување на приходот од камати. Приносите од финансиски вложувања (без приноси од вложувања на осигурениците на животно осигурување кои го преземаат ризикот од вложувања) во споредба со минатата година се намалија за 39%, а пониските нето приноси од камати беа очекувани. Групацијата и оваа година ги задржува главните насоки на својата инвестициска политика.

Финансиска стабилност. На крај на март 2018 година капиталот на Групацијата изнесуваше 767,8 милиони евра, додека бруто техничките резерви изнесуваа 2.766,2 милиони евра, што претставува раст од 1% за двете категории, споредено со крајот од 2017 година. Групацијата Триглав е финансиски стабилна, добро капитализирана и грижливо управува со ризиците на кои што се изложени матичното друштво, како и останатите 37 друштва од Групацијата.

Во насока на стратегијата на раст и развој. Групацијата во 2018 година продолжува со доследно спроведување на стратешките насоки. Во согласност со визијата до 2020 година се развива во современа, иновативна и динамичка осигурително – финансиска групација, која цврсто останува на водечката позиција во Словенија и пошироко, во регионот. Во насока на својот стратешки развој и раст, по минатогодишниот влез на пазарот на доброволно пензиско осигурување во Босна и Херцеговина и на пазарот на осигурување на живот во Македонија, оваа година Групацијата влегува на пазарот на пензиски осигурувања во Хрватска.

Претседателот на управата на Заваровалница Триглав Андреј Слапар изјави: „Задоволни сме со резултатите од првото тромесечје, а земјќи ги во предвид очекуваните околности на работење до крајот на годината, цениме дека годинешната бруто добивка на Групацијата Триглав ќе биде реализирана во планираните рамки. Забележуваме дека растот на обемот на работење на осигурителните пазари во регионот и натаму е позитивен, но истовремено во своите активности треба да го земеме во предвид и високото ниво на конкуренција на тие пазари. Согласно стратегијата, ја развиваме и прилагодуваме понудата на потребите на клиентите и карактеристиките на поединечните пазари. Со екипа, која брои повеќе од 5.000 соработници, дополнително ги јакнеме своите постоечки, силни конкурентски предности и спроведуваме интензивни продажни активности.“

Групација Триглав на пазарот во Македонија

Триглав Осигурување Скопје и во првиот квартал од 2018 година продолжи со позитивен тренд во своето работење. Компанијата, која има лидерска позиција на пазарот на неживотно осигурување во Македонија, во овој квартал обезбеди 9% повисока бруто полисирана премија во споредба со истиот период минатата година. Овој раст најмногу се должи на зголемената бруто полисираната премија во доменот на осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди, осигурување од финансиски загуби и доброволното приватно здравствено осигурување.

Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ, смета дека е уште поважно тоа што компанијата во дадениот период на пазарот воведе новини, кои придонесуваат кон развојот на осигурителната индустрија и на клиентите им обезбедуваат значајни бенифити. “Дигитализација на процесите секако е еден од најважните предизвици, но е предуслов за задоволство на клиентите, имајќи ги во предвид животниот стил и преференците на луѓето. Онлајн обновата на полиси од автомобилска одговорност, која ја воведовме на почетокот од оваа година, на клиентите им овозможува едноставно и брзо да ја завршат работата, што во голема мерка го олеснува процесот на осигурување. Од друга страна, Триглав, прв на пазарот во Македонија, воведе и осигурување на гуми, кое што вклучува и 24 часовна асистенција во Македонија и во Европа. Во нашиот фокус секогаш ќе биде клиентот, на кој сакаме да му понудиме дополнителна вредност и подобар квалитет на живот“, во оваа прилика додаде г. Војновиќ.

Триглав Осигурување Живот успешно започна со својата работа во доменот на осигурување на живот, по својот комерцијален старт на крајот на 2017 година. Со воведувањето на осигурување на живот на македонскиот пазар, Триглав на своите клиенти им обезбедува услуга во сите домени на осигурување.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Фери“ донираше пакети со храна за децата кои живеат во сиромаштија

    „Фери“ донираше пакети со храна за децата кои живеат во сиромаштија

    Деца од Македонија кои живеат во сиромаштија добија пакети со храна наменети за нив и нивните семејства како дел од од хуманитарниот проект „Сподели оброк“…

  • Инвеститорите на „Фејсбук“ бараат да се замени Цукерберг

    Инвеститорите на „Фејсбук“ бараат да се замени Цукерберг

    Големите инвеститори побараа од Надзорниот одбор на „Фејсбук“ да ја прогласи независна улогата на претседавачот среде аферата што неодамна го погоди технолошкиот гигант. Новиот предлог,…

  • Nestle ја потврди својата годишна прогноза по растот на продажбата

    Nestle ја потврди својата годишна прогноза по растот на продажбата

    Групата за прехранбени производи „Nestle“ потврди дека цели кон раст на продажбата од околу 3% за оваа година, откако во четвртокот објави подобра трговија во…

  • Кинеска компанија казнета со 1.3 милијарди долари поради нелегално производство на вакцини против беснило

    Кинеска компанија казнета со 1.3 милијарди долари поради нелегално производство на вакцини против беснило

    Кинеска фирма за вакцини е казнета со 1.3 милијарди долари откако е утврдено дека нелегално ја произведувала вакцината против беснило. Чангчуен Чангшенг мешала различни видови…

  • Раст на приходите на „Нетфликс“ од 34 проценти

    Раст на приходите на „Нетфликс“ од 34 проценти

    Приходите на американската компанија „Нетфликс“ во третиот квартал годинава достигнаа четири милијарди долари, што претставува раст од 34 проценти во однос на истиот период минатата…

  • Се затвора комплексот „Македонско село“, владина инвестиција од 6,5 милиони евра

    Се затвора комплексот „Македонско село“, владина инвестиција од 6,5 милиони евра

    Од утре се затвора комплексот „Македонско село“, инвестиција од 6,5 милиони евра што се наоѓа во Нерези, а чиј концесионер е некогашниот градоначалник на општина…

  • Научно се потврди дека Адора Diamond Garden има идеална микроклима и идеални параметри на квалитетот на воздухот во внатрешната градина за домување

    Научно се потврди дека Адора Diamond Garden има идеална микроклима и идеални параметри на квалитетот на воздухот во внатрешната градина за домување

    Микроклиматските параметри во внатрешната градина на станбено-деловниот објект Адора Diamond Garden во Скопје, преку измерената температура, релативната влажност, брзината на струење на воздухот и топлинското…

  • Coinbase отвори канцеларија во Даблин поради Brexit

    Coinbase отвори канцеларија во Даблин поради Brexit

    „Coinbase“, една од најголемите американски платформи за размена на криптовалути, го проширува европското присуство, отворајќи канцеларија во Даблин, бидејќи неизвесноста околу „Brexit“ продолжува да ги…

  • Продуктите на ФЕДОР на овогодишниот International Products Exhibition and Conference IPEC Qatar

    Продуктите на ФЕДОР на овогодишниот International Products Exhibition and Conference IPEC Qatar

    Компанијата Jarra – Food&Beverage од Доха, ги представи продуктите на ФЕДОР на овогодишниот International Products Exhibition and Conference IPEC Qatar кој се одржa од 08 до…

  • Фондацијата „Кола-Кола“ донирала повеќе од милијарда долари

    Фондацијата „Кола-Кола“ донирала повеќе од милијарда долари

    Фондацијата „Кола-Кола“ донирала повеќе од милијарда долари ширум светот од нејзиното формирање во 1984 година. Преку поддршка на 2 400 организации што се занимаваат со…