25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo го подготвува првиот вистински „all screen“ телефон

Lenovo го подготвува првиот вистински „all screen“ телефон

Потпретседателот на компанијата „Lenovo“, Чанг Ченг претстави „тизер“ од новиот смартфон преку друштвената мрежа „Weibo“, a најверојатно станува збор за првиот вистински „all screen“ телефон

Тоа значи дека екранот на идниот смартфон ќе ја зазема целата предна страна и ќе го ограничуваат само тенки рабови. Oд „iPhone X“ ќе се разликува по тоа што ќе го нема популарниот „заб“ на екранот.

Новиот „тизер“ за смартфонот кој е наречен „Lenovo Z5“ следеше по фотографиите кои делумно го откриваа изгледот на уредот со тврдење дека екранот ќе сочинува 95 отсто од неговата предна страна.

Ченг наведе дека „Z5“ ќе има четири технолошки новитети вклучувајќи 18 патентирани технологии. Други детали за овој уред се уште не се познати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП