28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемената цена го освежи нафтениот гигант за 1,3 милијарди долари!

Зголемената цена го освежи нафтениот гигант за 1,3 милијарди долари!

Руската нафтена компанија „Rosneft“ во понеделникот извести дека нето добивката во првото тромесечиjе се зголемила за 7 пати, a тоа го предизвикаа зголемените цени на нафтата кои донесоа 81 милијарди рубљи (1,3 милијарди долари).

Овој профит е остварен во периодот од јануари до март месец. Приходите скокнаа за 22%, на 1.720 милијарди рубљи.

Нешто порано компанијата објави дека, во првиот квартал на производство на нафта и гас е намалено за 1,2% на годишно ниво како резултат на учеството на Русија во глобалниот договор за намалување на производство поради цените.

„Rosneft“ под контрола на Игор Сечин, кој е долгогодишен соработник на рускиот претседател, спроведува агресивна политика на превземање, проширување на глобалниот дофат и акумулирање на долговите. Во изминативе неколку години нафтениот гигант заедно со партнерите ја купи индустриската рафинерија „Essar Oil“ за 12,9 милијарди долари. Тоа беше прва инвестиција на оваа компанија во азискиот сектор за преработка на нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП