20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрогласени се најдобрите мотори за оваа година

Прогласени се најдобрите мотори за оваа година

Ferrari-F12-Berlinetta-engine

Жири составено од 87 автомобилски новинари од 35 земји и оваа година ги одбра најдобрите автомобилски мотори по категории.

Сепак круната за најдобар и оваа година или втора по ред и припадна на Форд и нивниот компактен трицилиндричен „EcoBoost“ бензинец. Стручното жири било воодушевено од можноста на ултракомпактната единица да развие 123 KS oд 1.400 дo 4.500 o/min, т.е. 200 Nm oд 1.400 дo 4.000 o/min.

Во однос на минатата година Фордовиот мотор остана најдобар и во категоријата под 1.0-литар, додека во другите категории „VW“  1.4 TSI победи во катергоријата од 1.0 дo 1.4 литри, „BMW“ и „PSA“ 1.6 во категоријата oд 1.4 дo 1.8 литри, „BMW“ 2.0 во категоријата од 1.8 дo 2.0 литри и „Audi“ 2.5 литри во класата од 2.0 дo 2.5 литри.

Наградата за еколошки мотор на годината му припадна на моделот на Фиат 0.8 литри со двацилиндри, додека моторот на Ферари 6.3-литри V12 кој се наоѓа во „F12Berlinetta“ ја понесе титулата најдобар спортски мотор која ја превзема од 4.0-литарскиот V8 на „458 Italiа“.

„BMW“ загуби две места во категоријата од 2.5 дo 3.0 литри победата ја однесе „Porsche“ со 2.7-литри, а во категоријата oд 3.0 дo 4.0 литри триумфираше моторот на „McLaren“ од 3.8 литри V8.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП