4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигнa и водоотпорниот Galaxy S4 Active

Пристигнa и водоотпорниот Galaxy S4 Active

aktiv

Иако за 20-ти јуни е закажано претставување на нови уреди, Самсунг е активен и овие денови. Покрај мини верзијата на „Galaxy S4“, новиот таблет „Galaxy Tab 3“ сега пристигнува и „Galaxy S4 Active“.

Според информациите во официјалното соопштение на компанијата станува збор за последниот новитет во гамата „Galaxy“ кој е креиран со намера да ги задоволи потребите на активните корисници кои сакаат да престојуваат во природа.

Поради тоа овој телефон го доби името „Active“ и е со сертификувана заштита од прашина и вода (IP67 ).

Комплетно затвореното куќиште спречува во уредот да навлезе прашина и го штити од оштетувања доколку падне во вода длабока еден метар и таму остане 30 минути. Тука е и водоотпорниот приклучок за слушалки.

Што се однесува до техничките карактеристики, тука е процесорот од 1,9GHz, 5-инчен Full HD екран, камера со резолуција од 8 мегапиксели и предна камера од 2 мегапиксели, 2GB RAM меморија, а овој паметен телефон работи на оперативниот систем Андроид 4.2.2.

„Galaxy S4 Active“ во продажба ќе се најде ова лето, најпрво во САД и Шведска. Овој уред ќе биде достапен во три бои, урбано сива, сина и портокалова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП