26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСлабите резултати на DS не го загрижуваат шефот на Алијансата PSA

Слабите резултати на DS не го загрижуваат шефот на Алијансата PSA

Брендот „DS Automobiles“ се оддели од „Citroen“ во 2015-та година, но тоа засега не дава никакви позитивни резултати, туку напротив.

Во 2017-та година, само 52.850 возила од новата марка беа продадени, што е намалување за 38.5% помалку од 2016-та година. Намалувањето е на речиси сите пазари, но тоа не претставува грижа за директорот на Алијансата „PSA Group“, Карлос Таварес.

Тој за „Autocar“ вели дека не видел никаква катастрофа во статистиката. Според Таварес, брендот започнал од нула со изработката на „DS 7 Crossback“ и се уште е на самиот почеток на своето долго патување.

„Новите модели ќе излегуваат секоја година, и ова ќе нè доведе до успех во одреден момент. Креирањето и спроведувањето на премиум бренд бара многу време. Нашиот проект е 30 години, па имаме уште 28. Факт е дека резултатите од 2017-та година се големо разочарувања, но ние сме убедени дека сме на вистинскиот пат“, објасни Таварес.

Менаџерот додаде дека „PSA Group“ намерно престана да нуди попусти и промоции на моделите на„ DS“ за да го зајакнат имиџот на престижниот бренд.

„Квалитетот на производот продава еден автомобил, а „DS 7“ е токму она што го очекувавме. Пред овој автомобил има огромен потенцијал, а тоа е само почеток“, вели Таварес, посочувајќи дека само неколку недели откако беше пуштен во продажба луксузниот кросовер, беа продадени околу 5.000 единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП