20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei работи на гејмерски часовник

Huawei работи на гејмерски часовник

Кинескиот производител на смартфони „Huawei“ работи на создавањето на гејмерски паметен часовник, соопштува холандскиот сајт „LetsGoDigital“, повикувајќи се на содржината на патентната документација, откриена во базата на податоци на Светската организација за интелектуална сопственост.

Идејата опишана во патентот, изгледа храбра. Таа претпоставува користење на смарт-часовник со самостен гејмерски контролер, а не како помошен инструмент за игри, како што многумина би претпоставиле.

Сите управувачки елементи на рачниот контролер ќе бидат распоредени на каишката. Со тоа ќе се обезбеди прекрасно искуство за играње игри, вклучувајќи ред на копчиња. Тие ќе влегуваат во употреба не само за игрите, но и во секојдневната интеракција со часовникот.

Развојот на „Huawei“ може да покаже сериозно влијание на индустријата на паметни часовници. Производителот сфаќајќи дека минијатурните екрани со дијагонала 1,5-2 инчи ќе бидат недоволни за работа со екран осетлив на допир, понудил целосно логичен систем на управување на интерфејсот со „чувствителна“ каишка.

Благодарение на управувањето со допир, корисникот полесно ќе се справи со интерфејсот, ќе комуницира со текст, па дури и ќе игра игри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП