20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-AMG ќе понуди хибрид со 805 „коњи“

Mercedes-AMG ќе понуди хибрид со 805 „коњи“

Претседателот на Mercedes-AMG Тобијас Моерс објави за изданието „Digital Trends“ дека до крајот на 2018-та година неговата компанија ќе понуди на пазарот сериски модел со хибриден агрегат со моќност од 805 КС. Тој дебитираше на прототипот „Mercedes-AMG GT Concept“, претставен во пролетта 2017-та година.

Во сржта на концептниот автомобил е 4.0-литарски битурбо „V8“ мотор. Работи во комбинација со електричен мотор поставен во задниот дел и сет од многу моќни, но многу лесни батерии. Благодарение на тоа „Mercedes-AMG GT Concept“ забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 3 секунди.

Деталните карактеристики на батериите и километражата не беа откриени, но компанијата ги идентификуваше како „импресивни“. По претходни информации, инженерите на „Mercedes“ планираат да ги задржат целосно спецификациите на концептниот агрегат кај серискиот модел.

Самиот прототип „Mercedes-AMG GT Concept“ веќе стана предвесник на серискиот модел на брендот – „GT 4-Door Coupe“. Автомобилот со четири врати ќе добие хибриден агрегат, во кој влегуваат 6-цилиндричен турбомотор со 435 КС и 520 Nm, 9-брзински автоматски менувач и електричен мотор, кој обезбедува уште 22 КС и 250 Nm.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП