20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Blockchain" технологијата носи нова индустриска револуција

“Blockchain” технологијата носи нова индустриска револуција

Еден од авторитетите на Волстрит тврди дека важноста на блокчејната технологија е толку голема што ќе донесе нова индустриска револуција.

Портфолио менаџерот Стив Чиавароне изјави за CNBC дека блокчејн технологија ја вклучи во неговите пазарни предвидувања.

– Таа ќе биде една од петте клучни технологии – со автоматизација, роботика, вештачка интелигенција и интернет на нештата – таа ќе биде мотор на  следниата индустриска револуција, рече Чиавароне.

На неговата храбра прогноза нималку не влијае тековната турбуленција на пазарот на криптовалути.

Биткоинот, кој е нешто како “FANG” сегментот во крипто светот, мака мачи да го пробие нивото од 10.000 долари, само неколку месеци откако беше во близина на ниво од 20.000 долари (во декември). Не само тоа, Чиавароне верува дека “FANG” акциите (Facebook, Amazon, Netflix и Google) веќе профитираат од блокчејн технологијата како и некои сектори од финансискиот и секторот за здравје.

– Многу инвеститори купиле Биткоин бидејќи им дал пристап до блокчејн технологијата. Големите банки инвестираат многу во овој сегмент. Банката на Америка неодамна објави во Давос дека најмногу инвестира во овој сегмент, потсетува Чиавароне.

Чиавароне верува дека блокчејн технологија има вредност затоа што потенцијално може да го трансформира системот за порамнување, процесот на верификација на пресметување во корпоративниот сектор.

– Ова значи дека компаниите ќе имаат поефикасен синџир на набавка. Ќе може да ги намалат трошоците за вработени. И тоа ќе им помогне на претприемачите да работат поефикасно и да ги инвестираат овие заштеди во нешто друго, заклучува Чиавароне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП