19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG Q7 доаѓа со процесорот Helio P10

LG Q7 доаѓа со процесорот Helio P10

„LG“ во март поднесе барање за трговска марка „Q7“, што значи дека новиот прифатлив уред на јужнокорејската компанија може да го очекуваме наскоро. Телефонот сега се појави на „Geekbench“,  со потврда дека пристигнува со скромниот чипесет „Helio P10“.

„LG Q7“ на „Geekbench“ оствари резултат од 630 поени за „single-core“ и 2.322 поени за „multi-core“ тестовите. „RAM“-от е прикажан со капацитет од 4GB, додека оперативниот систем е „Android 8.1 Oreo“.

Смартфонот најверојатно ќе пристигне како мини верзија на моделот „LG G7 ThinQ“, како што „LG Q6“ беше мини „LG G6“. Од друга страна, „LG Q8“ е веќе достапен речиси една година и претставува „lite“ верзија на „LG V20“ моделот, па така јужнокорејската компанија би можела да одлучи да „Q7“ го објави како прифатлива верзија на „LG V30s ThinQ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП