18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотегот на Трамп ги "помири" Русија и ЕУ

Потегот на Трамп ги “помири” Русија и ЕУ

Советникот за надворешна политика на Владимир Путин, Јуриј Ушаков, рече дека повлекувањето на САД од нуклеарната спогодба со Иран би можело да помогне да се обединат Русија и Западот.

Ушаков рече дека Путин разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел за ситуацијата во врска со договорот и дека нивните ставови биле “практично идентични”.

Според него, Путин повторно ќе разговара за тоа со Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон, кои ќе ја посетат Москва одделно, подоцна овој месец.

Критичкиот став кон движењето на САД од страна на лидерите на Русија, Франција и Германија ќе помогне да се приближат и покрај големите разлики околу војната во Сирија и Украина, рече Ушаков.

“Кога погледите се совпаѓаат, тоа само може да значи дека земјите се барем малку поблиску еден до друг”, рече тој.

Односите меѓу Русија и Западот паднаа на најниско ниво поради рускиот државен удар на Крим 2014, кога ЕУ ги следеше САД во наметнувањето економски и финансиски санкции за Русија.

Европа ја потресе одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги врати санкциите кон Иран, што значи дека европските компании мора да престанат да прават бизнис во Иран или да се соочат со американски казни.

“Бидејќи тоа е директно кршење на резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН од 20 јули 2015 година, активностите на САД мора да бидат разгледани од страна на Советот за безбедност на ОН и нема сомнение за тоа”, рече претседателот на Меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата, Константин Косачев.

Одлуката на Трамп го “потресе” светот

Американскиот претседател Доналд Трамп на 8-ми мај објави дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарната програма на Иран, кои со Техеран потпишаа шест земји

Трамп објави дека сите санкции кои биле прекинати при склучувањето на договорот ќе бидат обновени.

Белата куќа рече дека иранските “бескрупулозни акции” претставуваат закана за регионалната безбедност и ги повика другите земји да извршат притисок врз Техеран да го сменат своето однесување.

“Време е одговорните нации да извршат притисок врз Иран да го промени ова опасно однесување”, се вели во соопштението на Белата куќа.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП