25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin DB11 AMR со 630 KS (фото+видео)

Aston Martin DB11 AMR со 630 KS (фото+видео)

„Aston Martin“ дополнително го подобри својот „DB11“ под ознаката „AMR“.

„DB11 AMR“ пристигнува со 5,2-литарски „V12“ битурбо агрегат со 630 KS и 700 Nm вртежен момент.

Тоа е за 30 KS повеќе отколку кај стандардниот „DB11“ што овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 3,7 секунди, 0,2 побрзо од „обичната“ верзија.

Максималната брзина исто така е зголемена на 335 km/h, a покрај тоа што ќе ја „почувствуваат“ оваа разлика во моќта, сопствениците на „DB11 AMR“ ќе ја „слушнат“ благодарејќи на погласниот ауспух.

„Aston Martin“ тврди и дека „DB11 AMR“ е исто така попривлечен за возење, така што производителот ја процесира калибрацијата на брзини на осумстепениот менувач и ги „затегна“ поради поострото управување.

Нормално, „DB11 AMR“ е доработен и визулено поради агресивната појава, а наместо хром, „Aston Martin“ во оваа прилика користеше темен монохром.

„DB11 AMR“ на пазарот ќе се појави идното лето, а почетната цена е околу 241.000 долари. „Aston Martin“ подготви и малку поексклузивна верзија „Signature Editin“ која се одликува со посебни визуелни детали, а ќе изработи само 100 примероци, додека почетната цена ќе биде 275.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП