25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 12-13.05.2018

Викенд хороскоп 12-13.05.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Пред вас е голем пресврт од кој можете да направите чудо. Имате креативност, сила и амбиција, но и една маана. Премногу емотивно реагирате на критиките. Научете да се контролирате и стекнете самопочит.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се наоѓате во романтично расположение и посакувате силни изливи на љубов. Во емотивниот занес сте подготвени да се пробате во нови и предизвикувачки ситуации. Ново познанство стои пред вас.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во љубовниот живот ви одговара нечие присуство, но ви недостасува прилика да ги остварите своите намери. Бидете дискретни во средбите кои изобилуваат со силни емоции или некои прикриени страсти. Ќе ве изненади повикот за дружење од пријателите.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Нема причина да ги одложувате средбите со соработниците. Тие ќе имаат одлични идеи за вас. Постои личност за која ве врзуваат заедничките деловни интереси и позитивното искуство. Активирајте се повеќе во некој спорт.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Делувате оптимистично и насмевката од задоволство ќе се најде на вашето лице. Речиси се што ќе замислите умеете и да го остварите на добар начин. Прифатете различни можности. Послушајте ги советите на семејството и пријателите.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе почувствувате креативна инспирација и со леснотија ќе завршите бројни обврски овој викенд. Понекогаш умеете да оставите фантастичен впечаток на околината, па така соработниците ќе очекуваат ваше мислење за различни деловни теми. Партнерот ви е малку сомнителен.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Овој викенд опуштете се и уживајте. Интересните пријателства лесно ќе се претворат во нешто повеќе, а во сериозните врски ќе се разбуди нова привлечност. Ќе се почувствувате подготвени за сите предизвици кои ви ги носи животот, но не се откажувајте ниту од добрата забава.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Викендот за вас ќе биде одличен период за да ги дозавршите обврските и да се одморите. Рационални и практични, секој ваш потег однапред добро ќе го смислите. Слободните можат да почуствуваат привлечност кон помлада личност или можеби пријател додека другите сеуште ќе уживаат во тајните врски и двојните игри.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Викендов поминете го во релаксација, научете да се опуштите. Ќе имате многу поволни можности, а од вас зависи колку ќе знаете да ги искористите. Енергијата ви е на одлично ниво и во голем дел ќе ја искористите за движење и дружење. Љубовниот живот ви е добро аспектиран.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Време е да промените нешто, без оглед дали станува збор за ситница. Ви требаат нови предизвици што на некои во љубовта ќе им донесат препреки, а други ќе почуствуваат потреба за повеќе слобода. Изненадувања ги очекуваат оние кои недамна направиле нешто добро за некој близок пријател.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Премногу оптимистички гледате на нештата кои во реалноста не се баш такви. Вашата ситуација не е стабилна па затоа бидете повнимателни. Нема добро да напрвите ако се и препуштите само на среќата. Добро размислете, а поголемо внимание посветете им и на сопствените интереси.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Овој викенд ќе морате да ја покажете вашата сила во однос на одредени околности и не смеете да си дозволите слабост. Немојте да бидете пасивни, делувајте активно и само така ќе можете да ја пребродите моменталната криза. Во љубовните односи најважно е да разговарате со партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП