„Google“ ја објави бета верзијата на „Android P“ за дури 11 уреди, вклучувајќи ги „Pixel“, „Essential Phone“, „Sony Xperiа XZ2“, „Mi Mix 2S“ и новиот „OnePlus 6“. Нормално, како и кај сите бета верзии, ќе мора да посветите внимание на грешките.
Новата верзија на оперативниот систем на „Google“ носи „здив“ на вештачка интелегенција во менаџментот на батеријата, исклучувајќи ги неактивните апликации и вклучувајќи го екранот кога ни е потребна малку посветла слика.
„P“ исто така воведува категорија на „предвидливи апликации“, кои во рамките на потсетникот сега додава апликации, одбидувајќи се да предвиди што би можеле следно да вклучите. Само за пример, ќе ви понуди апликација за пораки која можете да ја испратите на пријател затоа што претпоставува дека би сте можеле следно тоа да го сторите.
Две нови интересни функции на новиот „Android“ се посебни додатоци за пребарување и контекстуални менија кои се активираат во рамките на оперативниот систем, без нужно стартување или префрлување меѓу апликациите.
Присуството на бета верзијата „Android P“ на неколку уреди кои не се од „Google“ укажува на тоа дека „Google“ настојува да ја забрза надоградбата на „Android“. Со други зборови, повеќе не ви е потребен официјален уред за да ги добиете сите важни софтверски надоградби.
Апсолутно најважна потврда е за тоа кога ќе пристигне финалната верзија на „Android P“, а според информациите тоа ќе се случи кон крајот на 2018-та и ќе биде достапна за сите.