4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMission R - првиот суперспортски елетричен мотоцикл

Mission R – првиот суперспортски елетричен мотоцикл

motor

Откако производителите на електрични автомобили земаа голем замаф, беше само прашање на време кога ќе започнат и со електрификација на мотоциклите.

Во „Mission Motorcycles“ од САД се надеваат наскоро. Нивниот прв проект „Mission R“, електричен спортски мотор кој според перформансите би требало да им парира на бензинските конкуренти со 600 кубика.

Таму каде што нема да можат да им конкурираат е цената. Со најавените 30.000 долари за модел со најмала батерија „Mission R“ ќе биде дури трипати поскап од соперничките мотоцикли.

За овие пари сепак мотоциклот на иднината ќе нуди нешто што конкуренцијата се уште го нема – конекција. „Mission R“ ќе доаѓа со оперативен систем и брза интернет врска, навигација, HD видео-камера и HUD дисплеј кој ќе ја покажува телеметријата на шофершајбната.

Овој електромотор стандардно равива 160 Ks и 160 Nm веќе од 0 вртежи во минута, а купувачите ќе можат да одберат батерии со капацитети од 12, 15 и 17 kWh кои се доволни за поминат 170, 200 и 230 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП