26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е Cullinan, најлуксузниот SUV во светот (фото+видео)

Ова е Cullinan, најлуксузниот SUV во светот (фото+видео)

Најлуксузниот „SUV“ на светот веќе официјално е на пазарот, откако „Rolls-Royce“ го претстави својот модел „Cullinan“ точно во 13:00 часот по македонско време на 10-ти мај. Тоа е првиот автомобил со висока проодност на брендот, првиот со задна врата и првиот со задни седишта кои се собираат

„Суперлуксузниот начин на живот еволуира и „Rolls-Royce“ е на чело на овој тренд. Луксузот не е веќе градски концепт“, коментира одговорниот за компанијата член на одборот на „BMW“, Петер Шварценбауер. Според него, тоа е автомобил за клиенти кои сакаат „неограничен пристап до високиот луксуз“.

„Cullinan“ го носи името на најголемиот дијамант, откриен некогаш во наоѓалишта во Јужна Африка. Ова е прва машина со три тома во историјата на најлуксузниот бренд. Тој е изграден врз истата алуминиумска архитектура како новиот „Phantom“ и веќе помина долги проби низ најразлични точки на планетата, од Кенија и ОАЕ до врвовите на Алпите.

Погонот е доверен на 6.75-литарски „V12“ мотор на „Rolls-Royce“ со твин турбо, кој развива 563 коњски сили и цели 850 Нм максимален вртежен момент. Меѓутоа, системот за погон на четири тркала е нов.

Британците тврдат дека ги нудат најдобрите задни седишта во светот, во две можни конфигурации – индивидуална, во која има две одделни фотелји, и „Lounge“, во која може да се навали и да се сместат тројца патници. Задните потпирачи можат и да се свиткаат – исто новина во над едновековната историја на марката. Се разбира, тоа се случува преку електромотори, со само едно притиснување на копче. Багажниот простор зад задното седиште е 560 литри. По потреба „Cullinan“ може да натовари подолги предмети дури од долгата база на „Range Rover“. Товарниот простор сепак е одделен од патничкиот со подвижна транспарентна преграда.

При отклучување автомобилот автоматски се намалува за 40 мм, за да го направи качувањето поудобно. Вратите се затворени со притискање на копче како кај „Phantom“.

Креаторите инсистираат дека тоа е технолошки понапреден автомобил од својот род во светот. Тој има систем за ноќно гледање, 4 камери со панорамски опсег, активен крус-контрол и активен асистент за одржување на лентата, а исто така и најголемиот „head-up“ дисплеј до сега (7×3).

Задните седишта се наоѓаат повисоко од предните што обезбедува подобра видливост во големите прозорци. За задните седишта исто така има голем екран осетлив на допир со навигација и пристап до сите други системи. „Cullinan“ има пет „USB“ порти. Вратите се специјално конструирани така што да го штитат прагот од кал и да не се цапа кога слегувате од колата.

Воздушното потпирање ветува најмеко возење во сегментот. Сите суспензија и управувачки елементи се засилени за тежок терен. Електронското управување на потпирањето прави над милион пресметки во секунда, а се ресетираат според условите.

„Cullinan“ e долг 5.34 метри – само со 2 мм повеќе од „Ghost“. Се уште не е позната цената, но според гласините таа ќе почнува од прилика 260.000 eвро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП