20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Intesa Sanpaolo“ оствари добивка од 39% од пред една деценија

„Intesa Sanpaolo“ оствари добивка од 39% од пред една деценија

Италијанската банка „Intesa Sanpaolo“ извести дека оствари нето добивка за 39% поголема во однос на првиот квартал од 2008-та година.

Нето добивката на оваа банка во првото тромесечије од 2018-та година е 1,25 милијарди евра. Моќната добивка е резултат на повисоките нето приходи од провизии и камати, стои во бизнис-извештај на банката.

Последните години „ Intesa“ го насочи фокусот од традиционалните активности за кредитирање на бенефиции за бизнис и имотно осигурување, потсетува „Reuters“.

Меѓу квалитетите на банката го издвоија издавањето на квалитетен имот во првиот квартал, а најголема слабост е приливот на лоши кредити во првите три месеци од годината во историјата на „Intesa“.

Оваа година, тие очекуваат значително пониски барања за лоши кредити, но предвидуваат и доста позитивни движења во сегментот за управување со имотните осигурувања.

„Оваа година очекуваме и значително пониски барања за лоши кредити  и подобро задолжување“, изјави извршниот директор Карло Месина за време на прес-конференцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП