27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAлкалоид, Комерцијална банка и Македонски Телеком добитници на наградата “Кристално ѕвоно” за...

Aлкалоид, Комерцијална банка и Македонски Телеком добитници на наградата “Кристално ѕвоно” за 2017 година

Во рамките на деветнаесеттата годишна конференција на Берзата што се одржа на 4-ти мај во Охрид, Македонската берза по единаесетти пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно„ за најтранспарентно котирано акционерско друштво. И оваа година беа доделени награди на три друштва кои од вкупно котираните 107 акционерски друштва на Македонската берза АД Скопје беа оценети како најтранспарентни во 2017 година. 

Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2017 година се избраа:

I место АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
II место КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
III место МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД СКОПЈЕ
Извештајот за изборот на најтранспарентни котирани акционерски друштва на Македонска берза АД Скопје во 2017 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории, можете да го преземете на следниов линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП