28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.05.2018

Дневен хороскоп 10.05.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ден во кој ќе постојат мнофу непредвидени случувања, од писма и информации кои доцнат, па до уреди кои ќе се расипат. Сето тоа набрзо ќе се реши, но е потребно да сфатите дека не е крај на светот. На сентиментален план ништо ново подолго време.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Една убава вест навистина ќе ве израдува, бидејќи се однесува на вработување, напредување и поголема плата. Тоа не е само провремено решение, а вие сепак најмногу стравувате дека тоа нема да биде решение на долги патеки. Работите поврзани со електронските комуникации ќе ви бидат многу важни.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Работите поврзани со креативните идеи се одлични. Останатите работи, особено ако се рутински ќе ви бидат многу досадни, а би било добро токму оваа недела да побарате нова работа и да не ја оправдувате својата инертност кон околностите во кои е тешко да се снајдете.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Би можеле да го преуредите деловниот простор и да привлечете клиенти. Новите соработници имаат свежи идеи, прифатете ги, ќе ви се исплати. Знаете како да ја задржите љубовта од оние кои ви значат најмногу. Се појавува искушение во вид на забранета врска.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Сакате да имате главна улога во се што се случува на полето на работа, но не е секогаш добро да бидете единствена главна и одговорна личност за сите. Додворувањето на секој чекор секогаш ви било интерсно.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Што се однесува до работата, можен е некој вид на награда или неочекувана исплата за добро обавената работа. Бидете подготвени на вистински начин да инвестирате во иднината. Во љубовта повеќе ќе се двоумите отколку што ќе уживате.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе профитирате од  добро осмислената работа со колегата од компанијата. Парите нема да ги добиете веднаш, но сепак ќе дојдат. На сите слободни Ваги им се препорачува посериозно да тргнат во потрага по идеалниот партнер. Здравјето е добро, можни се мали проблеми со циркулацијата.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Планирањето е основа на вашиот успех и вие тоа добро го знаете. Особено ќе бидат плодни работите поврзани со недвижнините или осигурувањето. Никогаш не сте биле така романтични како што сега ќе бидете. Сакното лице ќе биде изненадено бидејќи вашето однесување не личи на вас.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашата сметка е во таков хаос што ќе ви треба чудо за да се извлечете од долгови. Морате да ги рациоализирате трошоците, бидејќи навистина претерувате. Среќни сте во врската, па затоа бидете верни и посветени.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можна е промена на работното место и подобрување на финансиската ситуација за оние кои имаат храброст да прифатат предизвици.  Не ја влошувајте ситуацијата со безпричинска недоверба кон партнерот. Движете се повеќе, бидете активни.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Пред вас е предизвик кој нема да ве остави рамнодушни и кој долго сте го чекале, а време за неодлучност немате. Осамените конечно ќе пронајдат лице какво што сакаат, а ако постои препрека, тоа е причина повеќе да се изборите за таа личност и емотиво да се наполните.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Се наоѓате во сјајна формa и самоуверено ги прифаќате различните обврски. Најдобро се чувствувате во друштвото кое има слични идеи или деловни интереси. Во романтично расположение посакувате силни изливи на љубов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП