24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов суперавтомобил – Lotus Esprit (фото)

Нов суперавтомобил – Lotus Esprit (фото)

Лесен, аеродринамичен, ефикасен и агилен – тоа се клучните адути на новиот суперавтомобил „Lotus Esprit“ кој ќе се појави во 2020-та

Според најавите на директорот на „Lotus“, Жан-Марк Галес, „Esprit“ би требало да претставува „чекор понатаму“ во однос на моделот „Evora GT430“.

Благодарение на различните материјали и техниките научени токму преку „Evrorа“, моделот „Esprit“, кој беше најавен како концепт уште во 2010-та, би требало да биде помоќен кога станува збор за управувањето.

Исто како и кај „Evorа“, предните и задните браници, хаубата, покривот, багажникот и задните крила ќе бидат од карбон-фибер, но и некои дополнителни делови, поради што моделот ќе биде полесен.

Се уште нема информации кој мотор ќе биде задолжен за овој суперавтомобил, дали „Lotus“ ќе остане верен на агрегатите на „Toyotа“ (1,6-литри и 1,8-литри во „Elise“ и „Exige“), чиј 3,5-литарски V6 се користи во „Evorа“.

Сите овие мотори се со турбополнач, а се очекува дека и „Esprit“ ќе V6 кој ќе надмине 430 KS колку што има во „Evora GT430“, иако не е исклучено и дека новиот сопственик, кинеската компанија „Geely“ која го контролира и шведски „Volvo“, a од неодамна има и акции во „Daimler“, па да го промени снабдувачот.

Веста за новиот „Esprit“ е прва информација од „Lotus“ која се однесува на спортските автомобили, а не веќе со месеци исчекуваниот прв кросовер на оваа компанија, кој се очекува во 2022-ра.

Исто така, се најавува и наследник на веќе застарениот модел „Elise“, како и уште еден нов модел кој би требало да ја пополни „празнината“ помеѓу основниот „Exige“ и најмоќниот „Elise“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП