7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнтересни факти за Coca-Cola за 132-годишнината на компанијата (фото+видео)

Интересни факти за Coca-Cola за 132-годишнината на компанијата (фото+видео)

Вчера, „Coca-Cola“ ја прослави својата 132-годишнина и ужива во својот статус како еден од најомилените брендови во светот.

Нејзината приказна стана нешто како легенда, како и нејзините придружни симболи.

132-годишнината на компанијата е одлична можност да се сетиме на некои интересни факти за „Coca-Cola“:

– Американецот Џон Стит Пембертон ја создава оригиналната формула за „Coca-Cola“ на 8-ми мај 1886-та година. Новиот пијалок на доктор Џон Пембертон првично се продавал во аптеката „Jacobs ‘Pharmacy“ во Атланта, Џорџија, недалеку од седиштето на компанијата.

– Френк Робинсон е човекот кој го дава името на пијалокот, соединувајќи ги со цртичка двата збора во калиграфскиот начин на правопис тип „Спенсер“, бидејќи сметал дека ќе одговара при реклама. 132 години подоцна, „Coca-Cola“ сè уште го користи истиот фонт и лого.

– Првата година кога „Coca-Cola“ почнала да се продава – 1886-та, продажбата изнесувала скромни девет пијалоци дневно. Денес, околу 1,9 милијарди производи на компанијата „Coca-Cola“ се продаваат секој ден.

– Во нејзиното портфолио се вклучени повеќе од 4.100 производи и над 500 брендови, вклучувајќи и 21 бренд со продажба од повеќе од една милијарда долари годишно.

– Во 1887-ма година, „Coca-Cola“ воведе купони за бесплатни примероци за тестирање на новиот пијалок.

– Кога пијалокот започнува да се полни во големи количини во текот на 1899-та година во Чатануга, Тенеси, шефот на „Coca-Cola Company“, Ејза Кендлер бил толку скептичен во врска со успехот од флаширањето на „Coca-Cola“ дека компанијата фактурира само по 1 долар за права за флаширање, што е познато како „Договорот од 19-тиот век“.

– Во 1906-та година, првите три земји кои не се од САД, а ја конзумирале „Coca-Cola“, биле Канада, Куба и Панама.

– Првата фабрика за полнење на „Coca-Cola“ во Азија започнала да работи на Филипините во 1912-та година.

– Во 1977-ма година контурното шише на „Coca-Cola“ стана трговска марка.

– Поларната мечка на „Coca-Cola“ објавена во 1993-та година стана омилен дел од рекламната кампања на компанијата. Таа може да се види во живо на „Светот на „Coca-Cola““ во Атланта.

– Иако денес е нешто нормално, пакувањето од 6 шишиња е воведено од „Coca-Cola“ во 1923-та година. Тоа е формирано за да ги поттикнува луѓето да купуваат шишиња „Coca-Cola“ за дома и да го консумираат пијалокот почесто.

– До 1955-та година, компанијата „Coca-Cola“ имала само еден производ – „Coca-Cola“. Во 1955-та година, компанијата ја претстави „Fanta“ во Италија.

– Во 1982-ра година беше воведен и „Diet Coke“, прв од трговските марки на „Coca-Cola“ и „Coke“. Во рок од две години „Diet Coke“ станува најпродаван нискокалоричен газиран пијалок во светот – позиција која брендот ја задржува и до денес.

– На 12-ти јули 1985-та година „Coca-Cola“ стана првиот газиран пијалок кој е консумиран во вселената, кога астронаутите испробаат „космичка лименка на „Coca-Cola““ од екипажот на шатлот Челинџер.

– Дали знаете дека илустрациите кои се користат во рекламите на „Coca-Cola“ во средината на 20-тиот век, придонеле за создавањето на овој лик на Дедо Мраз? Нивниот автор е уметникот Хадон Сандблом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП