26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Opel Mokka ќе нема од наследството на GM

Новата Opel Mokka ќе нема од наследството на GM

Следната генерација на „Opel Mokka“ целосно ќе ја промени архитектурата на возилото, дело на „GM“, а шефот на брендот Михаел Лошелер ги откри причините за оваа одлука.

„Наследникот на „Mokka“ требаше да е „SUV“, изграден на архитектурата на „General Motors“, но се покажа дека платформата е премногу тешка и покрај тоа не дава можност за електрификација“, беше искрен Лошелер пред списанието „Carbuyer“. „Затоа реков: „Не, мораме да го запреме“. Тешка платформа, поголема потрошувачка на гориво, без електрификација“, дополни Лошелер.

„Mokka“ е на европскиот пазар од крајот на 2012-та година, а во 2016-та претрпе редизајн, добивајќи ја и ознаката „X“ во името. Новиот „SUV“ ќе биде за моделот 2020-та и ќе биде достапен следната година.

Откако „Opel“ мина под капата на „PSA“, повеќе од логично е дека следниот „Mokka“ да е изграден врз платформата која се користи кај следната генерација на „Opel Corsa“, „DS 3 Crossback“ и новиот „Peugeot 208“.

Лошелер потврди дека преминот кон платформата на „PSA“, исто така, беше поттикнат од електрификација на моделот. Тој објасни дека развојот на моделот беше привремено замрзнат, но сега е обновен, веќе со платформата и компоненти кои доаѓаат од „Peugeot“ и „Citroen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП