23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWindows 10 е инсталиран на над 700 милиони уреди

Windows 10 е инсталиран на над 700 милиони уреди

Microsoft официјално објави дека Windows 10 е инсталиран на над 700 милиони активни уреди, што претставува зголемување од околу 200 милиони во споредба со истиот период минатата година и претставува пораст од околу 40% годишно.

Ова зголемување е одлична вест за Microsoft, иако компанијата првично планираше дека до 2018 година, Windows 10 ќе биде инсталиран на милијарда уреди. Во овој момент, постои можност дека Microsoft ќе достигне една милијарда корисници до 2020 година ако се продолжи со тековниот тренд на прифаќање на Windows 10.

Microsoft исто така потврди дека има 135 милиони месечни претплатници за Office 365, што го зголеми бројот на претплатници за 15 милиони во споредба со октомври 2017 година.

Во моментов, Windows 10 користи над 50% од персоналните компјутери на Steam, што му дава на оперативниот систем највисок удел на пазарот меѓу оперативните системи и со гејмерите и со стандардните корисници на компјутери. Се заедно Windows 10 го прави најуспешниот оперативен систем на Microsoft досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП