28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлекс Фергусон се разбуди од кома, еве што рекол прво!

Алекс Фергусон се разбуди од кома, еве што рекол прво!

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, се разбуди од кома после операцијата поради излив и крварење во мозокот.

Фергусон во саботата вечер итно беше пренесен во болница откако му се слошило дома. Лекарите утврдиле дека имал мозочен удар.

Операцијата беше направена истата вечер и помина без никакви проблеми, и набрзо беше објавено дека познатиот Шкот беше е во стабилна состојба.

Фергусон (76), според списанието “The Sun”, може да седи на кревет и првото нешто што го кажал на семејството кога се разбуди беше: “Јас преживеав”.

Денот го поминал со насмевка и разговор со семејството и болничкиот персонал.

Состојбата на Алекс Фергусон беше тема број еден на островот во текот на викендот, а поранешниот фудбалер на Јунајтед, како и многу ривали и тренери, му дадоа огромна поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП