19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс и Ворен Бафет го запреа еланот на биткоинот

Бил Гејтс и Ворен Бафет го запреа еланот на биткоинот

Цените на биткоинот паднаа вчера откако криптовалутата беше критикувана од некои од најпознатите милијардери во светот.

Биткоинот поевтини до 9.188,66 долари вчера, откако викендов поскапе до над 9.900 долари, според податоците на „CoinDesk“.

Цената на биткоинот се врати близу 40% од минимумот од околу 6.700 долари, постигнати минатиот месец, но не успеа да го пробие нивото од 10.000 долари.

Претседателот и извршен директор на „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет продолжи со критиките спрема криптовалутата откако изјави за „CNBC“ дека „валутата активна сама по себе не создава ништо“.

„Кога купуваш непродуктивни средства, се што сметаш е следниот човек да плати повеќе од тебе, бидејќи тој е дури уште поекстатичен дека по него ќе има и друг човек“, рече Бафет.

Во текот на викендот Бафет го нарече биткоинот „најверојатно отров за стаорци на квадрат“, додека претседателот на „Berkshire“, Чарли Мангер рече за време на годишното собрание на акционерите на компанијата дека да се тргува со криптовалути е „едноставно деменција“.

Коосновачот на „Microsoft“, Бил Гејтс изјави вчера за време на истото интервју пред „CNBC“ дека би се кладел против биткоинот, ако можеше.

„Како класа средства тој не произведува ништо, затоа не би требало да очекувате да поскапува. Тоа е инвестиција, базирана на теорија од типот „за поголем будала““, рече Гејтс. „Би купил биткоини, ако имаше лесен начин да се направи“.

Шпекулациите за евентуалната средба вчера на американската Комисија за хартии од вредност и берзи и на Комисијата за тргување со фјучерси на стоки исто најверојатно има негативно влијание врз цените.

„Wall Street Journal“ објави минатата недела дека група регулаторни тела, меѓу кои и двете комисии, ќе разговараат дали законите за хартии од вредност би требало да се применуваат и за криптовалути, меѓу кои и „етериумот“ – втората најголема дигитална валута.

Другите криптовалути исто така паднаа вчера. Етериумот падна за речиси 7%, до 731 долари, додека „рипле“ и „лајткоин“ се намалија со околу 5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП