2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКризата во „Air France“ допринесе за пад на акциите за 13%

Кризата во „Air France“ допринесе за пад на акциите за 13%

Цената на акциите на „Air France – KLM Group“ се намали во Париз, откако оставката на главниот извршен директор Жан-Марк Јанајак минатата недела го стави најголемиот европски авиопревозник во криза, во момент во кој штрајковите против компанијата продолжуваат, а политичари предупредуваат дека нејзиниот опстанок е доведен во прашање, пишува „Bloomberg“.

Акцијата се намали за 13%, што претставува најголемо опаѓање од пред речиси две години. Пред денешниот ден цената забележа загуба од 40 отсто, со што акциите беа најлошите претставени во „Bloomberg World Airlines Index“.

Штрајковите, кои доведоа до оставка на Јанајак во петокот, продолжуваат и оваа недела, при што околу 15% од услугите се запрени денеска, најави авиокомпанијата во својот вебсајт.

Иако скоро сите летови на долги релации се очекува да се одржат, еден на секои пет на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз нема да бидат реализирани. Кратките летови од „Орли“ исто така се засегнати. Компанијата очекува штрајковите да продолжат во вторник, што ќе донесе до дополнителни проблеми.

Јанајак рече дека ќе поднесе оставка на одборот на директори на 9-ти мај. Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер во неделата рече дека барањата на вработените се „неоправдани“ и инсистираше тие да покажат „одговорност“.

Во петокот „Air France“ соопшти дека зголемувањето на трошоците за гориво и посилното евро ќе придонесат за зголемување на притисокот предизвикан од серијата напади од страна на вработените кои се борат за повисоки плати.

„Во последен момент патниците може да очекуваат одложувања и откажувања“, велат од „Air France“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП