26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Нема потреба за фер трговија со Кина

Трамп: Нема потреба за фер трговија со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп, вели дека нема потреба да се воведат фер односи во трговијата меѓу САД и Кина.

Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека неговата администрација ќе објави некои неверојатни трговски договори, објави АП.

Тој додаде дека неговиот тим предводен од секретарот за финансии, Стефан Мнучин ќе се врати од Кина и ќе се сретне со нив денес за да ги утврди резултатите од посетата.

Според Ројтерс, американските официјални претставници во Пекинг им дадоа на кинеските колеги долга листа на нивните трговски барања.

Администрацијата на Трамп бара Пекинг да го намали својот трговски дефицит со САД за 200 милијарди долари до крајот на 2020 година, забележува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП