25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајпродаван смартфон од почетокот на годината е...

Најпродаван смартфон од почетокот на годината е…

И покрај предвидвувањата, „iPhone X“ е продаден во 16 милиони примероци, а тоа го прави најпродаваниот смартфон во првиот квартал од оваа година.

Во првите три месеци од 2018-та година, „iPhone“ успеа да продаде дури 16 милиони модели „X“, објави агенцијата за истражување на пазарот „Strategy Analytics“.

„iPhone 8“ и „iPhone 8 Plus“ го заземаа второто и третото место со продадени 12,5 милиони примероци, односно 8,3 милиони.

„Втор квартал по ред, „iPhone X“ останува најпродаваниот смартфон на светот првенствено поради совршениот дизајн, софистицираната камера, прилагодливите апликации…“, вели Џух Винтер, сениот аналитичар во споменатата агенција – „„Apple“ досега има продадено речиси 50 милиони „iPhone X“ телефони, откако моделот е пуштен во продажба во ноември 2017-та“, додава Винтер.

„Xiaomi Redmi 5A“ и „Samsung Galaxy S9 Plus“ се најдоа на листата најпродавани „Аndroid“ телефони, со 5,4 милиони, oдносно 5,3 милиони продадени уреди ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП