1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПилотите во „Ер Франс“ штрајкуваат 12 дена – откажани 15 отсто од...

Пилотите во „Ер Франс“ штрајкуваат 12 дена – откажани 15 отсто од летовите

Пилоти и друг персонал на авиокомпанијата „Ер Франс“ штрајкуваат веќе 12 дена поради што се откажани околу 15 отсто од летовите. Тие бараат зголемување на платите. Истовремено, и вработените во француските железници почнаа протести во земјата.

Железничките синдикати повикаа на собир во Париз за да извршат притисок врз владата неспоредно пред клучниот состанок со премиерот Едуард Филип следната недела.

Тие протестираат против најавените измени во француската железничка компанијата СНЦФ, што ги најави претседателот на Франција, Емануел Макрон. Измените би им ги укинале доживотните работни места на работниците и други предности.

Владата планира такви измени за да го отвори пазарот за други компании, односно за конкурентност на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП