24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G7 ThinQ e смартфон за најсложените задачи (фото+видео)

LG G7 ThinQ e смартфон за најсложените задачи (фото+видео)

Компанијата „LG“ на специјален настан во Њујорк го претстави годинешниот премиум модел – „LG G7 ThinkQ“.

Јужнокорејскиот производител кај овој уред го нагласи системот за вештачка интелегенција – „ThinkQ“, па така „LG G7 ThinkQ“ е еден од првите смартфони кој има наменски тастер за активирање на апликациите „Google Assistant“ и „Google Lens“ (со едно притискање се активира првата опција, а со двапати втората).

Исто тка, тој може да послужи и како замена за паметни звучници, со оглед на тоа дека е во состојба да прима гласовни наредби на одалечесност до 5 метри од уредот.

„LG G7 ThinQ“ има 6,1-инчен „FullVision M-LCD“ екран (кај кој постоечките „RGB“ пиксели дополнително додаваат и бели пиксели) во однос 19,5:5 и со резолуција од 3120 x 1440 пиксели (QHD+). Екранот поседува „Super Bright Display“ технологија, која овозможува рекордно ниво на осветлување од 1000 нита (според стандардот „DCI-P3“).

Тука е и неизбежниот „заб“ (notch), кој „LG“ го дефинира како „New Second Screen“. Toа сугерира дека двата слободни простори лево и десно од „notch“ во „LG“ го третираат како секундарен екран за визуализација нотификација и други известувања.

Што се однесува до главните хардверски карактеристики, тука е и чипот „Snapdragon 845“, 6GB LPDDR4X RAM, 64GB интерна UFS 2.1 меморија, со поддршка за „microSD“ картичка и батерија со капацитет од 3.000 mAh (со поддршка за бежично и брзо полнење).

„ThinkQ“ вештачката интелегенција пристигнува до израз кај фотографските компоненти, која се состои од две задни камери со 16-мегапикселна широкоаголна камера со отвор на блендата f/1.9 и една 16-мегапикселна камера со оптичка стабилизација на сликата, автофокус за детекција на лицето, ласерски автофокус и отвор на блендата f/1.6. На предната страна се наоѓа 8-мегапикселна широкоаголна камера со отвор на блендата f/1.9.

Вештачката интелегенција автоматски се регулира со прилагодувањата на камерата, поради постигнување на оптимална светлина и резолуција, дури и во услови на послабо светло.

Звучната компонента се состои од „Boom Box“ стерео звучници со поддршка за „DTS:X“ формат. Постои класичен 3,5-милиметарски приклчок, а тука е и „ESS“ 32-битниот „Hi-Fi Quad DAC“.

Алуминимското куќиште од двете страни има „Gorilla Glass 5“ стакло, а ги поседува и „IP68“ и „MIL-STD-810G“ сертификатите. Tука е и поддршката за Wi-Fi (802.11ac), Bluetooth 5.0, NFC и USB Type-C приклучок. Уредот работи на оперативниот систем „Android 8.0 Oreo“.

„LG G7 ThinQ“ на пазарот ќе пристигне кон крајот на овој или почетокот на следниот месец, во црвена, сива, сина и црна боја. Цената на уредот ќе биде 850 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП