15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледниот Bentley Mulsanne ќе биде целосно електричен?

Следниот Bentley Mulsanne ќе биде целосно електричен?

„Bentley“ ја разгледува можноста следната генерација на моделот „Mulsanne“ да биде целосно електричен автомобил.

Актуелната генерација е претставена во 2010-та година, но ќе се произведува се до почетокот на 2020-та.

Со оглед на актуелниот тренд на електрификација во авто-индустријата, во тој период на пазарот на електрични автомобили би можел да биде „погоден“ со истиот, што веќе го најави „Aston Martin“ со оживување на брендот „Lagonda“ за таа цел.

Во „Aston Martin“ веруваат дека целосно електричната луксузна лимузина ќе го „размрда“ пазарот затоа што ќе ја привлече се побогатата млада популација.

Во „Bentley“ признаваат дека неподготвени ја дочекале „EV“ ерата, па го најавуваат својот прв целосно електричен модел токму за почетокот на следната деценија, а претставник за тоа би можел да биде такму моделот „Mulsanne“.

Причината повеќе за овој чекор е и тоа што „Mulsanne“ постојано е во сенка на најголемиот конкурент „Rolls-Royce Phantom“, што им преставува желба тоа да го променат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП