28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВеро го отвара својот 12. маркет во скопската населба Карпош 3

Веро го отвара својот 12. маркет во скопската населба Карпош 3

Компанијата „Веропулос“ во сабота свечено ќе го отвори својот 12. Веро маркет во земјава лоциран во скопската населба Карпош 3. Големото отворање ќе се одбележи со многу изненадувања за децата и возрасните, попусти на различни производи, промотивни акции и дополнителен попуст за пазарување во „Џамбо“. За најмладите е предвидена забавна програма во која Веро, заедно со омилениот детски јунак Петко и неговиот бенд „Пет плус“ преку песна и дружење ќе ги едуцираат децата за значењето на здравата храна.   

Маркетот ќе биде отворен од осум часот, а почнувајќи од 11 часот посетителите ќе може да дегустираат различни производи и здрава храна и да се забавуваат со многу музика и балони. Дружбата со Петко и бендот „Пет плус“ ќе почне во 12 часот, а во текот на следниот час најмладите ќе уживаат во хитовите на бендот, но и ќе научат нешто повеќе за здравите намирници. Изненадувањата за потрошувачите ќе продолжат и во следните неколку денови. За секоја сметка над 1.000 денари направена во новиот маркет во Карпош 3 во периодот од 5 до 8 мај, следува дополнителен попуст од 100 денари за пазарување во Џамбо до крајот на мај.

Новиот Веро маркет е лоциран во близина на зградата на Прокредит банка во населбата Карпош 3. Маркетот располага со продажен простор на едно ниво, а пред објектот има сопствен паркинг наменет за потрошувачите. Исто како и во останатите Веро маркети, тој ќе нуди широка палета производи од македонски производители, но и ексклузивни производи од увоз. Заедно со вработувањата во новиот маркет, бројката на вработени лица во Веро ќе се искачи на околу 1.100.

Во изминатите 20 години колку што е присутна на македонскиот пазар, компанијата Веропулос има отворено осум маркети во Скопје и по два маркета во Битола и Тетово, како и четири продавници „Џамбо“ во овие три градови. Ова компанија е сопственик и на франшизата за ресторанот за брза храна „Гудис“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП