19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook Messenger добива нов дизајн: Еве како ќе изгледа!

Facebook Messenger добива нов дизајн: Еве како ќе изгледа!

Популарната друштвена мрежа „Facebook“ наскоро во целост ќе го редизајнира „Messenger“ со цел на корисниците да им овозможи многу едноставно користење на апликацијата која со години наназад е полнета со непотребни игри и опции.

„Кога испраќате порака, навистина сакате брзо и едноставно искуство. Со цел да се фокусираме на овие идеи, сакаме да направиме ремонт на дизајнот на „Messenger“, вели директоро и основач на „Facebook“, Марк Цукерберг.

Обновената апликација „Facebook Messenger“ би требало да биде достапна наскоро на сите корисници. Тимот експерти на „Facebook“ работи на неа од почетокот на оваа година, пренесува „The Verge“.

Новиот „Messenger“ најверојатно ќе има црна позадина. Дното на апликацијата е поедноставено на три главни табови кои се фокусирани на комуникацијата.

Иконите за камера и „video chat“ остануваат достапни на врвот на апликацијата. Многу опции ќе останат исти на „Messenger“, но неговата употреба во голема мера ќе биде олеснета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП