30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ50 годишната еволуција на Jaguar XJ (видео)

50 годишната еволуција на Jaguar XJ (видео)

По повод годишнината, британската компанија направи посебна верзија на култниот модел

Британската компанија „Jaguar“ објави двоминутен клип кој го прикажува развојот на „XJ“, прославувајќи ја својата 50-годишнина.

Првиот „XJ“ се појави во 1968-ма година, заменувајќи го „Mark2“. Првично автомобилот се нуди само со V6 мотор, но во 1972-ра година се појавува модификација со V12 со зафатнина од 5,3 литри. Така, „Jaguar XJ“ стана првиот сериски автомобил со четири врати во светот со 12-цилиндричен мотор. Максималната брзина на седанот е 225 km/h, што го прави најбрзиот таков автомобил во тоа време.

До моментов, се сменија девет генерации на „XJ“. Последната беше претставена во 2009-та година Во чест на 50-годишнината на моделот производителот подготви специјална верзија на „XJ“ која ќе се одликува со посебен дизајн на екстериерот и ентериерот. „Jaguar XJ50“ беше претставен на саемот во Пекинг. Достапни се бензински и дизел мотори со максимална моќност, односно 340 и 300 „коњи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП