Директорот на Тесла, Илон Маск се нашали на 1 април дека компанијата е пред банкрот. Тоа не се случи, но ако се верува на информациите на Блумберг, не е далеку од тоа.
И покрај “најпрофитабилниот квартал во историјата на компанијата” на почетокот на 2018 година, Тесла и понатаму има проблеми со исполнувањето на стандардите за производство на Моделот 3, што ги направи нервозни инвеститорите, и влијаеше на падот на вредноста на акциите.
Како што известува Блумберг, Тесла губи по 6.500 долари секоја минута, што е 390.000 на час, или 9.360.000 доалари дневно.
Овој масовен одлив значи дека Тесла може да остане без пари до крајот на 2018 година. Аналитичарите предвидуваат дека само оваа година компанија треба да собере две милијарди долари.
Патем, Тесла има долг од 1,2 милијарди долари што доспева во 2019 година.
И покрај сите негативни вести, Тесла има големи амбиции за во иднина. Во следните две години ќе го пласира на пазарот новиот Roadster, електричен камион и компактен СУВ модел Y.
Прашањето е како Тесла планира да ги произведе сите овие модели, бидејќи веќе има проблеми со доцнење, а и значително помалку го зголемува бројот на вработените отколку Форд и Џенерал Моторс.