3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМercedes-Benz повлекува 6000 возила од А класа

Мercedes-Benz повлекува 6000 возила од А класа

aklasa

За брендот „Mercedes-Benz“ изгледа се зголемува бројот на проблеми кои се појавуваат пред оваа компанија. Имено само неколку недели откако моделот „Citan“ освои само три ѕвезди на „Euro NCAP“ тестовите, најавен е отповик на новата А класа.

Според германскиот производител, повеќе од 6000 единици на новата А класа се повлекуваат поради проблеми со воздушните перничиња. Овој модел е достапен на германскиот пазар од септември минатата година, а додека на другите европски пазари се појави многу подоцна, па поради тоа бројот на повикани автомобили не е толку голем.

Според информациите од производителот станува збор за 6174 возила од хечбек моделот на А класа кои се произведени во периодот од јули до декември минатата година. Проблемот е откриен од страна на сувозачите затоа што нивните воздушни перничиња не се отвориле во неколку случаи на незгода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП