Прометот во рестораните на „McDonald’s“ во првото тромесечjие достигна изненадувачки добри резултати, што ги надмина очекувањата на „Wall Street“.
Профитот на оваа компанија со седиште во Оук Брук, достигна 1,38 милијарди долари или 1,72 долари по акција во споредба со профитот од 1,21 милијарди долари или 1,47 долари по акција во истиот период од минатата година, пренесува „AP“.
Аналитичарите предвидеа заработка од 1,67 долари по акција.
Приходите достигна до 5,14 милијарди долари, со што се надминати очекувањата на аналитичарите.
Акциите на компанијата за брза храна, по овие вести, а пред официјалниот почеток со тргување, забележително скокнаа за 4%.