7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalmart  го продаде Asda Stores Limited

Walmart  го продаде Asda Stores Limited

Британскиот ланец на супермаркети „Sainsbury’s“ постигна договор за купување на британската филијала „Asda Stores Limited“ од „Walmart“ .

Според информациите купена е за 7,3 милијарди фунти (10,1 милијарди долари) во готовина и акции што ќе биде драстична промена за прехрамбените производи на пазарот во Обединетото Кралство.

Во соопштението стои дека, „Sainsbury’s“ ќе и исплати на „Walmart“ 4,3 милијарди фунти во акции, а 2,98 милијарди фунти во готовина, пренесува агенцијата „AP“.

„Walmart“ во оваа комбинирана компанија ќе поседува 42% од акциите.

Ова спојување, ќе создаде еден најголем британски ланец на супермаркети, со удел поголем од актуелниот за 30%, со што ќе го „претркаат“ актуелниот лидер „Tesco PLC“.

Договорот треба да биде одобрен од страна на британскиот регулатор за заштита на конкуренцијата и пазарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП