20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBloomberg: Дерипаска нема намера да се откаже од Русал

Bloomberg: Дерипаска нема намера да се откаже од Русал

Олег Дерипаска нема намера да се откаже од „Русал“, дури и под закана од американски санкции, пишува „Bloomberg“, цитирајќи запознаени извори.

Пред неколку дена, Министерството за финансии на САД навести дека тие би можеле да ги ублажат мерките против гигантот, но само ако сопственикот ја предаде контролата на компанијата.

Според извори на „Bloomberg“, рускиот бизнисмен активно лобира за олеснување на американските санкции против „Русал“. Компанијата верува дека тие ќе можат да се справат со ограничувањата и да најдат алтернативни клиенти.

САД објавија листа на санкции против руските бизнисмени во почетокот на април. Рестриктивните мерки се зголемија речиси до банкрот на „Русал“, бидејќи акциите на компанијата пропаднаа на берзите, а цената на алуминиумот значително се зголеми.

Во оваа недела ситуацијата се смири, откако Министерството за финансии на САД објави насоки како ќе бидат наметнати санкциите, од кои стана јасно дека трговските односи со „Русал“ ќе треба да бидат прекинати во октомври 2018-та година.

Аналитичарите предвидуваат дека ограничувањата за трговијата со производи на „Русал“ ќе влијае повеќе на бизнисот во Европа, отколку на рускиот претседател Владимир Путин, против кого се насочени санкциите.

Кремљ не врши притисок врз Дерипаска да ја напушти функцијата во „Русал“ или да преземе чекори за национализација на компанијата. Власта ги дефинира санкциите како нефер економска војна, рече „Bloomberg“.

Сепак, сé уште не е сигурно дали Дерипаска ќе ја зачува својата моќ во „Русал“ – може да биде под притисок во или надвор од Русија, особено ако компанијата почне да ги отпушта работниците. „Русал“ е меѓу најголемите работодавци во Русија со околу 60.000 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП