8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDiet Coke ја зголеми продажбата на Coca-Cola во првиот квартал

Diet Coke ја зголеми продажбата на Coca-Cola во првиот квартал

„Coca-Cola“ ги надмина очекувањата на „Wall Street“ со објавените резултати за кварталот благодарение на зголемената побарувачка на „Coke Zero Sugar“ и на новите вкусови под брендот „Diet Coke“. Вкупните приходи на компанијата ги надминаа очекувањата за околу 300 милиони долари, објави „Ројтерс“.

Цената на акциите на „Coca-Cola“, која е вклучена во индексот на сини чипови „Dow Jones“ скокнаа за речиси 1% до 44,44 долари во берзанската трговија.

Компанијата соопшти дека претставувањето на нејзиниот популарен нискокалоричен пијалок „Diet Coke“, насочена кон претставниците на помладата генерација и понуден со вкус на ѓумбир и лимон, цреша, црвен портокал и манго, му помогнала на брендот да се врати кон раст на продажбата во кварталот.

Продажбата на нејзините газирани пијалоци се зголемиле за 4%, а на чаевите и кафињата – со 5%, соопшти „Coca-Cola“ во пораката.

Нето добивката на производителот на „Fanta“ и „Sprite“ порасна до 1,37 милијарди долари, или 32 центи по акција, во првиот квартал до 30-ти март во однос на 1,18 милијарди долари, или 27 цена по акција, од пред една година.

Приходите опаднаа за 16% до 7,63 милијарди долари поради трансферот на операциите на флаширање на франшиза компаниите, но сепак ги надминуваат очекувањата на аналитичарите од 7,34 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП