16 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAsus го претстави телефонот Zenfone Max Pro M1

Asus го претстави телефонот Zenfone Max Pro M1

Најновиот телефон на „Asus“ е „Zenfone Max Pro M1“, кој официјално беше претставен во Индија. Телефонот користи 6-инчен 18:9 „IPS LCD“ екран, има батерија од 5.000mAh, две камери на задната страна, чипест „Snapdragon 636“ и опции со 3GB, 4GB или 6GB RAM.

„Asus Zenfone Max Pro M1“ има две конфигурации на камери: тука е системот 13MP + 5MP на задната страна и 8MP на предната, на моделите со 3GB и 4GB RAM. Моделот со 6GB RAM користи 16MP + 5MP сензори на задната и 16MP „селфи“ камера.

Интересно е дека „Asus“ одлучи да не го имплементира „ZenUI“ интерфејсот, а наместо тоа има чиста „Android 8.1“ верзија на оперативниот систем. Tука е и „dual-SIM“ поддршката.

Кога станува збор за големата батерија од 5.000mAh, таа пристигнува со поддршка за брзо полнење, која му овозможува на телефонот целосно да се наполни за 2,5 часа.

Кога цената е во прашање, на индискиот пазар „Zenfone Max Pro M1“ моделот со 3GB RAM/32GB ќе се продава по цена од околу 135 евра, моделот 4GB/64GB има цена од околу 160 евра и моделот 8GB/64GB чини околу 185 eвра.

Засега нема информации дали постојат планови за појавување на други пазари на телефонот „Asus Zenfone Max Pro M1“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП