2 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот кинески адут има батерија 13.000 mAh и 4 камери (видео)

Новиот кинески адут има батерија 13.000 mAh и 4 камери (видео)

Кинеската компанија „Ulefone“ својот паметен телефон „Power 5“, кого го одликува батеријата со рекорден капацитет од 13.000 mAh, го претстави уште во февруари во Барселона за време на овогодинешниот „MWC“ саем.

Сега овој уред стана официјален, а првите нарачки ќе може да се примаат вече од денеска (24-ти април).

Покрај споменатата батерија со огромен капацитет, вреди да се спомене и можноста за нејзино брзо, но и безично полнење.

Oд останатите карактеристики, „Ulefone Power 5“ има четири вградени камери. На задната страна се наоѓа комбинација од „Sony IMX230“ сензор од 21 мегапикели и „Sony“ сензор со оптичка стабилизација на сликата од 5 мегапиксели. Уредот на предната страна има комбинација од два сензори од 13 и 5 мегапиксели.

Телефонот поседува 6-инчен „FHD+“ екран, чипсет „MediaTek Helio P23“, 6GB RAM и 64 GB интерна меморија.

Сензорот за отпечаток на прстот се наоѓа од страна (по примерот на постарите уреди на „Sony“), a постои и можност за отклучување на уредот со препознавање на лицето.

„Ulefone Power 5“ го користи оперативниот систем „Android 8.1 Oreo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП