25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЅkoda го претстави најмалиот SUV - Kamiq (фото)

Ѕkoda го претстави најмалиот SUV – Kamiq (фото)

Во рамките на специјална манифестација во Кина беше одржана официјалната презентација на новиот компактен кросовер „Skoda Kamiq“. Светската премиера на возилото, наменето за почеток за пазарот во Кина, ќе се одржи на саемот во Пекинг.

Компактниот „Skoda Kamiq“ е дефиниран како „народен“ модел, бидејќи ќе биде најприфатливиот „SUV“ на чешкиот производител. Во Кина, кросоверот ќе биде достапен само со еден енергетски уред, но со два менувачи. Системот за погон на четири тркала не е предвиден.

Продажбата на моделот ќе започне во текот на летото. Во сржта на кросоверот е платформата на „Volkswagen“ – „MQB“ со полу-независна задна суспензија. Должината на „Kamiq“ е 4390 мм, широчината е 1781 мм, а висината е 1593 мм. Растојанието помеѓу двете оски е 2610 мм.

На овој начин „Skoda Kamiq“ е помал од кинеската модификација на „Skoda Karoq“, чија должина е 4432 мм, широчината е 1481 мм, висина е 1614 мм, а растојанието помеѓу двете оски е 2688 мм. За новиот „SUV“ ќе се нуди само бензински мотор 1.5-литарски „MPI“ од новото семејство „EA211 Evo“. Неговата моќност е 110 КС и 150 Nm. Менувачите се мануеле со 5 степени и автоматски со 6 брзини.

Опремата е прилагодена на неговата цена. „Kamiq“ не е опремен со дигитален инструмент-панел, „LED“ фарови и контрола на климата. Наместо тоа, понудени се халогенки и обичен клима уред. Постои, сепак, мултимедијален екран осетлив на допир.

Производството на новиот „SUV“ на Чесите ќе се случува во заедничкото вложување на „SAIC“ и „Volkswagen“ во Кина. Во подоцнежна фаза „SUV“-моделот ќе се продава и во други земји, но во Европа сепак е многу мала веројатноста да се појави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП