21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект за зголемување на процентот на користење на ИПАРД фондовите

Проект за зголемување на процентот на користење на ИПАРД фондовите

Зголемување на процентот на користење на ИПАРД фондовите во адаптирањето на земјоделството во Македонија со стандардите на Европската унија има за цел проектот за „Вклучување на родовите аспекти во руралниот и земјоделскиот развој“ што ќе биде презентиран денеска во Скопје.

Во исто време преку испораката на советодавни и образовни услуги и преку подобрување на квалитетот на информациите и обуките доставени до граѓаните со посебен фокус на жените и младите ќе се поттикне вклучувањето на родовите аспекти во земјоделските политики и руралниот развој во земјата.

Проектот ќе го промовираат Сојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со Здружението за локален и рурален развој и Рурална коалиција-Куманово.

На настанот ќе се промовира и проектот Вмрежување за успех, што го спроведува Националниот совет за родова рамноправност во партнерство со Отворена Врата – Косово. Проектот е финансиран од Европската Унија од ИПА II програмата за прекугранична соработка Косово – Македонија 2014-2020.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП