23 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Мајсторија“ на Пандев за потврда на победата на Џенова (видео)

„Мајсторија“ на Пандев за потврда на победата на Џенова (видео)

Горан Пандев доби шанса да влезе во 81. минута од мечот од Серија А меѓу Џенова и Верона и одговори со гол во 92. минута за потврда на победата на „Грифоне“ од 3:1 за мирна завршница на сезоната без стравувања од испаѓање.

На „Луиџи Ферарис“, домаќините поведоа уште во седмата минута преку Медеирос, но Хелас израмни во 64. минута со гол од пенал (Ромуло). Во 78. минута Даниеле Беса пак ја донесе Џенова во предност, пред Пандев да стави печат на натпреварот.

Џенова по 34 кола во Серија А е на 12. место со 38 поени, додека Верона е претпоследна со 25 поени и најверојатно патува во Серија Б следната сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар