26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon го развива својот прв робот!

Amazon го развива својот прв робот!

Компанијата го започна проектот за развој на првиот робот кој ќе се вика „Vesta“, именуван по римската божица на срцето, открива „Bloomberg“.

Тим на експерти роботот го развива во лабораторијата „Lab126“, хардверскиот центар на „Аmazon“ во кој претходно се произведени уредите „Kindle“, „Fire Phone“ и „Echo“.

Деталите за тоа како поточно ќе изгледа роботот се уште не се познати, но агенцијата предвидува дека роботот ќе помогне во секојдневното информирање, организирање и планирање.

Роботот на „Аmazon“ наводно ќе има вградени камери за навигација, а до крајот на годината ќе може да се најде во домовите на корисниците.

Иако интересите на американските комерцијални компании за јавноста не се во целост јасни, со сигурност може да се потврди дека ќе се создаде робот кој ќе може успешно да конкурира на пазарот со други компании, како што се „Hub Bot“ на „LG“, роботот на „Pixar“ – „Jibo“ или „Kuri“ на компанијата „Mayfield Robotics“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП