6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ51 милион нови корисници на интернет во Кина

51 милион нови корисници на интернет во Кина

kina1

Во Кина во 2012 година се забележани 51 милион нови корисници на интернет. Тоа е 10-процентно зголемување на корисниците во однос на 2011 година, а вкупниот број на корисници се зголемил на неверојатни 546 милиони.

Само во минатата година во Кина се забележани 51 милион повеќе корисници на интернет, пишува Мешбал. Тоа е 10-процентно зголемување на корисниците во однос на 2011 година, а вкупниот на корисници се зголеми на неверојатни 546 милиони. Исто така, тоа е повеќе од целото население на САД и Русија заедно.

До зголемување на бројот на корисници дошло најмногу поради сурфањето преку мобилен телефон. Бројот на кинески корисници кои сурфаат преку мобилни, таблети или други безжични уреди, во 2012 година порасна за 18,1 процент на 420 милиони.

Кина бележи голем пораст на корисници, иако комунистичката влада го спречува пристапот до голем број на интернет страни. Кинеските корисници немаат пристап до најпопуларните социјални мрежи- Фејсбук, Твитер и Гугл Плус- бидејќи овие мрежи веќе со години се блокирани во државата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП